Десет професии кои ќе бидат најбарани во следните пет години

- Advertisement -

Ширењето на автоматизацијата неминовно ќе внесе одредени промени на пазарот на труд, пред се укинување на позициите со мануелни работи кои во иднина може да ги извршуваат роботи. Тоа ќе влијае и на јакнење на свеста за потребата за човекова креативност и посебни вештини.

CareerBuilder, глобална онлајн платформа за поврзување на работната сила со работодавачите објави истражување на американскиот пазар на труд за кој што прогнозира дека во следните пет години ќе вработи уште осум милиони луѓе.

- Advertisement -

Најголем раст на вработувања ќе се остварат и високоплатените и во нископлатените дејности. Меѓу добро платените професии најбарани ќе бидат сметководителите, но само во блиска иднина затоа што во подалечна иднина се очекува дека и тие можат да бидат заменети од компјутер.

Во иднина ќе има многу работа и за наставници, истражувачи на пазар, ИТ поддршка и водоинсталатери. Што се однесува со средно платените, во САД во наредните години би можеле да се отворат уште 50.000 работни места за возачи на доставни возила, но и тие во иднина би можеле да бидат заменети од автономни возила и дронови.

- Advertisement -

Голема побарувачка ќе има и за градежни работници, кадар за одржување на машини, медицински сестри и професии од финансискиот сектор. Меѓу најслабо платените професии најлесно ќе се вработуваат трговци, кувари, негователи, работници во осигурување, рецепционери.

Сподели!
- Advertisement -