- Advertisement -
Банкоматот работи со препознавање на ликот на корисникот кој треба само да го внесе својот ПИН
Мајкрософт и Националната банка на Австралија се здружија во развој на банкомати кои работат без кредитни картички, а истовремено на корисникот ќе му понуди сигурност на трансакцииите.
Системот се темели на Windows Hello услугата во облак која го скенира лицето на корисникот за време на подигнување пари од банкомат После тоа корисникот треба да го внесе својот ПИН код, и после тоа нема потреба да ја носи картичката со себе кога сака да подигне готовина.
Националната банка на Австралија наведува дека овој систем се уште е во рана фаза на развој и предупредува дека во овој момент се уште не е извесно дали некогаш ќе влезе во практична употреба. Од Мајкрософт истакнуваат дека системот ќе го развиваа дури и ако се откаже австралиската банка. Тоа дава надеж дека банкоматите без употреба да картичка еден ден ќе бидат реалност.
- Advertisement -