Илон Маск му конкурирa на Uber!

- Advertisement -

Зад Teslа е историски добар период и третиот квартал во кој компанијата конечно оствари профит, па барем засега, им ги затвори устите на бројни критичари кои цело време зборуваат за банкрот на компанијата.Маск, се разбира, нема време за славење и не смее да застане на еден профитабилен квартал, туку размислува за иднината и што може да понуди во текот на наредните години.

Дел од плановите веќе ги знаеме. Го очекуваме Roadster, камионот, а за две години и Model Y, теренец базиран на Model 3, но според хардверот, плановите на Маск се врзани и за сервис за превоз на патници. Во текот на конференцијата на која се пофали со своите резултати во третиот квартал Маск уште еднаш го спомена такси-сервисот на Teslа, со кој ќе им конкурира на компании како Uber и Lyft.

- Advertisement -

Tesla планира флота автономни возила, кои корисниците би ги повикувале преку апликација и би ги носеле на посакуваната дестинација, а на оваа флота ќе може да се приклучат и сопствениците на автомобили на Teslа, кои по примерот на Airbnb ќе ги изнајмуваат сопствените возила кога нема да ги користат. Значи, наместо да стојат на паркинг, автомобилите на Teslа ќе можат да превезуваат патници. Така сопствениците на овие возила ќе заработуваат од возилата и со тоа ќе си ги плаќаат сметките за енергија, регистрација, кредити и слични.

 

- Advertisement -

Во автомобилите на Teslа моментално има автопилот, но како што е познато, не станува збор за вистински автопилот, туку асистент за возење, со кој возачите секогаш мора да ги имаат рацете на воланот и никогаш не смеат целосно да препуштат компјутерот да управува со возилото. Во иднина ова ќе се смени, па и возилата на Tesla ќе можат самостојно и без потреба за човечка интервенција да возат заедно со останатите учесници во сообраќајот.

Тогаш можеме да очекуваме дека луѓето ќе престанат да купуваат сопствени автомобили затоа што ќе им биде поевтино да се возат со автономни возила со кои ќе управува компјутер. Некои како Илон Маск сметаат дека луѓето во иднина нема да имаат ни возачи дозволи. Tesla, Uber, Google, Apple и бројни автомобилски компании се подготвуваат за такво сценарио и веќе тестираат или планираат да стартуваат сопствени сервиси за превоз на автомобили без возачи, со кои ќе управува само компјутер.

Сподели!
- Advertisement -