- Advertisement -
Сименс планира да изгради својот „град“, наречен Сименштат, во област на Берлин каде компанијата кон крајот на 19 век ја изградила својата прва фабрика, објави „Ројтерс“.
Целта на новиот проект во округот Шпандау, кој ќе се протега на површина од 70 хектари, е големата индустриска зона да се трансформира во модерен урбан кварт од иднината за да се поттикне иновацијата и соработката меѓу науката и компаниите, соопшти компанијата „Сименс“.
- Advertisement -
Во рамки на проектот, на земјиштето на „Сименс“ во Шпандау до крајот на 2030 година ќе биде изграден и технолошки парк.
Најавено е отворање на стотици работни места, иако, како што велат оттаму, сè уште е прерано да се изнесат прецизни податоци.
- Advertisement -