iPhone 14 ќе има секундарен екран?

- Advertisement -

Во период кога Apple се мачи со испораката на iPhone 13 поради немање чипови, што е случај и со многу други производители на телефони, екипата од YouTube каналот ConceptsiPhone направи видео концепт на идниот iPhone 14 уред, каков што сметаат дека треба да изгледа, а базирано на протечените информации во медиумите.

Најамбициозната идеја во нивниот концепт е дополнителниот екран на извлекување, кој може да се користи како тастатура или за прикажување известувања, но тука е и Face ID и Touch ID системот, враќањето на сензорите за отпечаток од прст и безжичното полнење од поголемо растојание.

- Advertisement -

Фановите на Apple ќе бидат одушевени кога овој концепт ќе се појави кај вистинскиот iPhone 14. Иако речиси сигурно е дека нема да видиме ништо од тоа, повторно ќе ги разграба верната „војска“ на Apple, кои никогаш не се мислат двапати дали вреди да инвестираат во нов iPhone.

(Vidi.hr)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -