Холандија ја доби првата велосипедска патека во светот направен од рециклиран пластичен отпад

- Advertisement -

Првата велосипедска патека во светот направена од рециклиран пластичен отпад од океаните беше пуштена во употреба во Холандија како дел од пилот-програма за слични патишта во целата земја. Патеката е долга 30 метри, а е направена од пластичен отпад еднаков на околу 220.000 пластични чаши и се очекува дека ќе биде трипати потрајна од асфалтните.

Патеката содржи и сензори со кои се следат перформансите, вклучувајчи ја и температурата, бројот на велосипеди кои поминуваат по неа и способноста да го издржи сообраќајот. Деловите од патеката беа направени претходно и потоа составени, а лесни се за транспорт и 70% полесни за поставување. Во нив лесно се сместуваат кабли и канализациски цевки, а дизајнирани се да ја процедуваат дождовната вода.

- Advertisement -

Патеката е резултат на заедничките напори на холандските инженери од KWS, конгломератот за нафта и гас Total и производителите на цевки Wavin. Патеката беше пуштена во употреба во текот на септември во градот Зволе. Втора патека ќе биде поставена во Гитоорн, а и Ротердам веројатно ќе ја прифати оваа технологија. Се верува дека многу од бенефитите на патеката ќе може да се применат и кај пластичните патишта.

Производството на асфалт е одговорно за 1,5 милиони тони јаглерод диоксид во атмосферата годишно, што е еднакво на 2% од емисијата која ја прави глобалниот транспорт. Претходно годинава Европската унија лансираше итен план да се исчисти Европа од пластиката и да се осигура дека секое парче пластика на континентот ќе биде реупотребливо или рециклирано до 2030 година.

Сподели!
- Advertisement -