Плитвичките езера во Хрватска стануваат еден од најскапите паркови во светот

- Advertisement -

Со поскапувањето на влезниците на 40 евра, Плитвичките Езера во Хрватска стануваат еден од најскапите национални паркови во светот. Управата на паркот го оправдува покачувањето на цената со фактот дека станува збор за светска дестинација која е природно наследство и поради гужвата се загрозува нејзиното постоење, па треба да се ограничи бројот на посетители.

Цената од 40 евра за ворзасни се однесува на посета во јуни, јули, август и септември. Цената за деца до 18 години изнесува 15 евра. Тоа значи дека за едно четиричлено семејство ќе треба да се плати околу 110 евра, при што треба да се додадат трошоците за храна, пијалаци и паркинг и еднодневен излет на Плитвичките езера ќе ве чини 130 евра.

- Advertisement -

Целта е да постигнеме одржливо управување. Во последните две години многу се направи за заштита на природата од отпадни води и очекуваме дека на конференција во јули ќе добиеме позитивно мислење од УНЕСКО за 2019 година“ велат од управата.

Со програмата за управување со посетители бројот на влезници е ограничен на 12.000 дневно, додека претходните лета бил 15.000-16.000 влезници. Лани Плитвичките Езера оствариле приходи во износ од околу 53 милиони евра.

- Advertisement -

Речоси сите најпознати паркови во светот имаат поевтини влезници. На пример, за да го видите Големиот Кањон во САД треба да издвоите 35 долари ако влегувате со возило или 20 долари пеш или со велосипед. Влезниците за американскиот Јелоустоун се 30 долари со возило, односно 15 долари пеш или со велосипед и тоа до седум дена престој. Посетата на Нијагарините водопади во Канада е бесплатна.

Сподели!
- Advertisement -