Дона Каран, Келвин Клајн, Томи Хилфигер пиеја македонско вино во Њујорк

- Advertisement -

Македонски вина се служеа на хуманитарниот настан што се одржа  минатата недела во Њујорк во организација на познатата модна дизајнерка Дона Каран и Фондацијата „Urban Zen“

На настанот насловен „Stephan Weiss Apple Awards“ присуствуваа звучни имиња од областа на модата, забавата, политиката, филмската и музичката индустрија меѓу кои Дона Каран, Келвин Клајн, Томи Хилфигер, Кит Ричардс, Џими Нелсон, Иман, Хелена Кристенсен, Бернадет Питерс, Росана Ското, Кристи Турлингтон, итн.

Здружението „Вина од Македонија (Wines of Macedonia) беше спонзор на престижниот настан, a учество земаа македонските винарии со своите премиум вина, кои имаа одлична можност да се промовираат пред џет-сет посетителите за време на коктелот и вечерата. Гостите, наведуваат од Здружнието, навистина уживаа во префинетиот вкус на нашите најквалитетни и наградувани вина.

- Advertisement -

Минатата недела се одржаа и промоции на „Вина од Македонија“ со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за чија организација беше ангажирана македонска маркетинг агенција која има своја канцеларија во Њујорк, а помогна во организација на спонзорството за овој хуманитарен настан:

-На ексклузивните вински настани за презентација на македонското вино учествуваа македонските винарии кои ги претставија своите најдобри производи пред реномирани личности од областа на винската индустрија, а дополнителна значајна улога во овие промоции претставуваше и овој хуманитарен настан. Ова беше одлична можност за нашите винарии да ги промовираат своите производи пред американскиот џет сет и за градењето на имиџот на Македонија како винска земја, изјави Елена Младеновска Јелековиќ, извршен директор на Здружението.

- Advertisement -

Настанот „Stephan Weiss Apple Awards“ се одржува традиционално од 2011 година, а главната цел е да ги признае и истакне хуманитарните дела од доменот во кој работи „Urban Zen“ Фондацијата, односно здравството, образованието и културата.

Сподели!
- Advertisement -