ДМ дрогериите во Македонија бележат двоцифрен раст на приходите

- Advertisement -
Дрогеријата „ дм дрогерие маркт” забележа раст на прометот во Македонија од 27,9 во деловната 2017/2018 година. Тоа е еднакво на вкупен промет од над 717 милиони денари. На европскиот пазар, пак, групацијата има рекорден промет од 10,7 милијарди евра и раст од 4,3 отсто.
Двоцифрениот раст во изминатата деловна година е резултат на континуирана посветеност, во едно динамично и сѐ повеќе дигитализирано општество, постојано да ги следиме и брзо да реагираме на потребите на нашите потрошувачи. Во фокус на нашето работење е задоволување на потрошувачките потреби со обезбедување најкомпетентна понуда на асортиман, квалитетна услуга и што попријатна атмосфера во продажните објекти. Показател дека потрошувачите го препознаваат нашиот труд се извршените 1,7 милион пазарувања во продажните објекти во „ дм дрогерие маркт” Македонија во изминатата година, рече Весна Стојановиќ, директор на „ ДМ дрогерие маркт” во Македонија и во Србија.
Изминатата деловна година „дм дрогерие маркт” во Македонија инвестира речиси 29 милиони денари – за нов објект во Штип и модернизација на три веќе постојни продажни објекти.

„Дм дрогерие маркт” на македонскиот пазар нуди повеќе од 13.000 производи, од кои 650 се од домашни произведувачи.

Instore.mk

Сподели!
- Advertisement -