ВИДЕО: Кина стана дом на највисокиот вештачки водопад во светот

- Advertisement -

Провинцијата Гижу во јужниот дел на Кина е дом на највисокиот вештачки водопат во светот. Неверојатната градба всушност е дел од зградата наречена Liebian International Building во Гуијанг и има четири џиновски пумпи кои ја туркаат рециклираната вода од резервоарите поставени на приземје до врвот на зградата висока 121 метар, од каде што се пушта долу во вид на водопад.

Зградата и водопадот беа направени за период од две години, но водопадот досега беше вклучен само шест пати. Една од причините за тоа се високите оперативни трошоци за опремата за водопадот – само еден час работа на мaсивните пумпи чини 117 долари.

- Advertisement -

Зградата е проект на компанијата Ludi Industry Group чиј директор, Ченг Џиаомао, откри дека во зградата ќе има канцеларии, продавници и луксузен хотел. Што се однесува на инспирацијата за проектот, според Џиомао, градот Гуијанг е полн со планини и многу дрвја, како шума, па сакал да направи и водена површина дури и ако е oпколена со облакодери.

Сподели!
- Advertisement -