- Advertisement -
Градот Спeјкенисе во близина на Ротердам во чест на „Летачкиот циркус“ на Монти Пајтон воведе духовито преминување улица. Имено, градот ги замени обичните сообраќајни знаци за печашки премин со слика на која е копија од легендарната поза на Џон Клис, на која во раката држи актовка, а ногата му е високо подигната во воздух.
„Убаво е да се види како луѓето преминуваат улица со насмевка на лицето и се надеваме дека се поголем број луѓе ќе го прават тоа“ велат локалните власти. Но, нагласуваат дека колку и да е смешно преминувањето улица на тој начин, и понатаму важат сообраќајните правила и автомобилите и понатаму мора да застануваат пред пешачки премин.
- Advertisement -