ВИДЕО: Роботот Софија тргна на првата светска турнеја

- Advertisement -

Хуманоидот Софија, кој минатата година доби државјанство во Саудиска Арабија, тргна на првата светска турнеја, а во Азербејџан доби роботска виза. Софија ја доби визата во пресрет на средбата со претседателот на Азербејџан, Илхам Алијеви, и стана првиот робот во светот кому му е издадена виза. Во Азербејџан стигна како еден од главните говорници на технолошка конференција.

Со претседателот на Азербејџан го отвори и новиот центар ASAN, со кој владата на Азербејџан се отвора кон е-услугите. Во тој центар ќе може да се регистрира раѓање, смрт, брак или развод, ќе може да се добие пасош, да се обнови возачка дозвола, да се регистрира компанија, да се добие бесплатна правна консултација и уште многу услуги.

- Advertisement -

Софија му рече на претседателот на Азербејџан дека и е многу драго што се запознале и дека во оваа земја видела уникатна архитектура. Софија е ѕвезда меѓу роботите и е првиот робот во светот кој добил државјанство. Ја направи прочуениот роботичар Дејвид Хенсон, а е дизајнирана по примерот на Одри Хепберн. Сепак, многу експерти кои се занимаваат со вештачка интелигенција велат дека таа е само софистицирана кукла, а не и вештачка интелигенција.

Сподели!
- Advertisement -