Samsung направи паметен телефон кој не може да се поврзе на Интернет

- Advertisement -

Samsung направи паметен телефон за корисниците кои не сакаат да се конектираат на Интернет. Galaxy J2 Pro има слични спецификации и дизајн како и останатите висококвалитетни паметни телефони на Samsung, но не може да отвори некои апликации и да се поврзе на Интернет. Тоа значи дека корисниците на овој телефон нема да можат да пребаруваат на Google или да видат што има ново на Facebook.

Од Samsung соопштија дека J2 Pro е наменет за да им помогне на студентите да останат фокусирани на учењето, а не постојано да проверуваат пораки и содржини на Snapchat, Facebook или други апликации. Компанијата понуди и попуст за купувачите на возраст од 18 до 21 година за уредот чија регуларна цена е 186 долари, пренесува Klix.ba.

- Advertisement -

Телефонот го има во црна и во златна боја, има AMOLED екран до 5 инчи, 1,5GB RAM и простор за микро SD картичка. Предната камера е од 5 мегапиксели, додека задната е од 8 мегапиксели. На телефонот ги има сите апликации за кои не е потребно поврзување на Интернет. Овој телефон е наменет и за деца чии родители сакаат да ги контролираат како го користат телефонот. Не е познато кога J2 Pro ќе биде достапен надвор од Јужна Кореја.

Сподели!
- Advertisement -