Скопјани уживаа во перформансите на најновиот Ford Focus

- Advertisement -

Жителите на Скопје уживаа во тест возењата на најновиот модел на Ford Focus, како дел од промотивната кампања на Ми-Да Гранд Моторс.

Со најновиот Focus, пред Скопје Сити Мол, се дружеа околу 300 страсни љубители на возила и случајни минувачи, кои љубопитно ги анализираа и тестираа перформансите и новите технологии на Ford Focus. Најновиот модел од гамата на Ford веќе е достапен во продажниот салон на Ми-Да Гранд Моторс, заедно со сите други модели од овој производител.

Ова е одличен начин сите кои го посакуваат новиот Focus да го возат и да бидат поблиску до семејното возило Ford C-Max, кое исто така, беше тестирано од граѓаните. За овој модел постои и специјална понуда во продажниот салон на Ми-Да Гранд Моторс.

- Advertisement -

„Имаме одличен интерес за новиот Ford Focus и многу сме задоволни од реакциите на посетителите. Тие имаа ексклузивна можност да искусат и да го управуваат новиот модел од нашата гама. Станува збор за модерно возило со интелигентен дизајн и огромен простор. Во него се вградени многу нови технологии кои го олеснуваат искуството на возачот. Тест возењата овозможуваат сите да се уверат во перформансите на Focus, кој беше достапен во три нивоа на опрема, Titanium Business, ST-Line и Vignale“, објасни Предраг Николовски, директор на маркетинг во Ми-Да Гранд Моторс.

- Advertisement -

Возбудата се чувствуваше во воздухот додека возачите избираа меѓу трите изведби на Focus, елегантно деловниот Titanium Business, спортски моќниот ST-Line и луксузниот Vignale. Доколку саката да го возите и купите новиот Ford Focus, тој е достапен во салонот на Ми-Да Гранд Моторс.

Сподели!
- Advertisement -