Еве како треба да изгледа канцеларијата во 21 век?

- Advertisement -

Дизајнерите Барбер и Осгерби- Константин Грчиќ и Севил Рич на изложба на мебел на брендот Витра истражуваат како денеска би требало да изгледа модерна канцеларија. WORK, кој е претставен на саемот за канцелариски мебел во Келн има три измислени канцеларии кои ја прикажуваат разновидноста на денешните работни места.

Што се има во оваа канцеларија?

- Advertisement -

Канцеларијата вклучува co-working простор за дигитални номади, флексибилна канцеларија која може да се трансформира преку ноќ и работно место кое се концентрира на добросостојбата на човекот и на неговата продуктивност.

Од Витра сметаат дека канцеларијата во 21 век треба постојано да се менува и се повеќе да се спојува со јавниот простор. Во такво опкружување традиционалното биро станува вишок затоа што работикот подеднакво лесно и продуктивно може да работи и на кауч!

- Advertisement -

“Каде и да одиме постојано гледаме луѓе кои работат- во хотели, на аеродроми, кфулиеа, на плажа, во воз… Со овој развој се повеќе се обидуваме да го трансформираме јавниот простор во продуктивен работен простор, објаснува Нора Фелбаум, извршна директорка на Витра. Ваквата форма на канцеларија лесно може да се рансформира од класичен канцелариски прoстор во простор за различни настани и обратно, може лесно да се врати во првобитната положба со минимален труд и трошоци.

Канцелариите се дизајнирани да одговараат на младите агилни компании кои постојано се развиваат и не мора да бидат врзани за постојани структури.

Сподели!
- Advertisement -