Skopje Design Week 2018: Доаѓа кремот на мебел индустријата во светот!

- Advertisement -

Во Скопје од 21  до 25 ноември 2018 година се одржува осмиот Skopje Design Week во соработка со Делегацијата на германското стопанство во Македонија. Оваа година земја во фокус е Германија. Германија, моторот на Европа во индустриски развој, производство, извози земја број 1 во светот во организирање на интернационални саеми и поврзување на бизниси од целиот свет.

Добриот и квалитетен дизајниран мебел може да има успех само доколку производителот успее да го пласира на светските пазари, а она што е најтешко за најголемиот дел од македонските производни компании е долгорочниот пласман на светските пазари.

- Advertisement -

Препознавајќи ги овие тешкотии на компаниите, Skopje Design Week ќе организира дводневна работилница, на која ќе говорат двајца светски познати експерти, Хелмут Меркел и Уве Дитерсен. Едниот долгогодишен познавач на индустријата за мебел во Германија и консултант за врвни светски мебел призводители, а другиот со долгогодишно менаџерска позиција на саемот за мебел ИММ Келн (IMM Cologne). Со други зборови, во Скопје ќе се појави кремот на мебел индустријата во светот.

- Advertisement -

Двоеднавната работилница, која ќе се одржи во период 22-23 ноември, е наменета за менеџмент на компании производители на мебел, кои сакаат своите производи успешно да ги понудат на светските пазари, сакаат да склучат договори со клучни дистрибутери во индустријата на мебел и сакаат да дознаат кој е патот до успешен саемски настап, но и како може да се избегнат непредвидените трошоци – соопшти Александар Велиновски, директор на Јавна соба, домаќин на овогодишниот Skopje Design Week.

„Саемот ИММ Келн е најважниот саем за мебел во светот, на кој 1.200 изложувачи од 50 држави ширум светот ги претставуваат најновите трендови во индустријата за мебел и креативни решенија за живеење. Само 10% од македонските компании кои произведуваат мебел извезуваат во странство, поточно 5 фирми“ соопшти Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -