Палау е првиот остров во светот кој забрани креми за сончање

- Advertisement -

Островската нација во западниот дел од Тихиот Океан сака да ги заштити коралните гребени од токсичните состојки на кремите за сончање. Палау е првата земја во светот која забранува креми за сончање кои се токсични за коралните гребени. Земјата неделава усвои закон со кој се забрануваат кремите за сончање кои содржат која било од десет хемикалии, меѓу кои оксибензон и октиноксат, кои се истите хемикалии коишто сакаше да ги забрани Хаваи.

Палау е дом на 500 острови со повеќе од 21.000 жители од регионот Микронезија од Тихиот Океан и привлекува многу туристи, но има проблеми со сериозно уништување на природата. Претседателот на Палау, Томи Ременгсо, изјави дека жителите мора да бидат поодговорни за своите острови.

- Advertisement -

„Мора да си ја исполниме нашата должност и во секоја прилика да ги едуцираме посетителите за тоа како Палау досега успеала да си ја зачува недопрена природата и како и понатаму да ја зачуваме таква“ вели Ременгсо.

Дел од неговите планови за едукација на туристите е да се забрани продажбата на хемиските креми за сончање од јануари 2020 година. Трговците ќе мора уште веднаш да ги увезуваат тие производи, но треба да го допродадат инвентарот. Потоа секој што ќе биде фатен како ја прекршува забраната ќе се соочи со казна до 1.000 долари.

- Advertisement -

Денес има се повеќе докази за штетните ефекти на хемикалиите од кремите за сончање на нежните корални гребени. Оксибензон и октиноксат ги уништуваат хранливите состојки од коралите, ги прават бели и ја намалуваат нивната отпорност на климатските промени. Дури и мала капка е доволна за да ги оштети нежните корали. Хемикалиите се познати како ендокрини дисруптори и предизвикуваат феминизација на машките риби, репродуктивни болести и деформација на ембрионите.

- Advertisement -

Се проценува дека годишно 14.000 тони креми за сончање се измиваат од кожата на луѓето и завршуваат на коралните гребени, што значи дека станува збор за штетна навика која мора да се промени. За среќа, има многу нехемиски креми за сончање кои користат физички блокатори како цинк оксид и титаниум диоксид, па може да се сончаме безбедно и без да и наштетуваме на природата.

Одлуката на Палау е доказ за напредното размсилување на тамошната влада, кој сфаќа дека заштитата на животната средина не само што заштедува трошоци за чистење, туку ја прави нивната нацја уште попожелна дестинација за живеење и за туристи. Се надеваме дека ова ќе прерасне во глобално движење.

Сподели!
- Advertisement -