ВИДЕО: Овој уред прави вода од воздухот

- Advertisement -

Овој уред генерира вода директно од воздухот. Фунцкионира така што влажниот воздух влагува низ малите отвори на долниот дел. Со помош на соларна енергија се напојува една комора која го лади воздухот и го претвора во течност. Таа течност потоа се филтрира, се додаваат минерали и се складира во посебен резервоар. Уредот го направи тунизиско-францускиот стартап Kumulus, а го носи истото име како и компанијата.

Кога ќе се наполни резервоарот, секој може да си наполни вода во шише. Kumulus ќе помогне да се намали употребата на флаширана вода, која е еден од најголемите виновници за загадувањето со пластика во светот.

- Advertisement -

Преку посебна апликација се контролира на далечина и имате пристап до информации за количината и квалитетот на водата. Дизајнот на Kumulus бил инспириран од минимализмот и едноставноста на тунизискиот остров Џерба.

Во зависност од влажноста на воздухот, Kumulus може да генерира до 30 литри вода дневно. Оваа верзија е последниот прототип, а е наменет за хотели и градежни локации или за да им помогне на невладините организации да ги снабдат со вода сиромашните заедници.

- Advertisement -

Недостигот на чиста вода за пиење е глобален проблем и во моментот над 2 милијарди луѓе се соочуваат со несигурни извори на вода. До 2030 година дури 40% од населението во светот може да има проблеми со снабдување чиста вода за пиење. Болестите кои се кријат во нечистата вода годишно убиваат дури 3,54 милиони луѓе во светот.

- Advertisement -

(World Economic Forum)

(фото: Kumulus)

Сподели!
- Advertisement -