Gorenje почна да продава во Кина

- Advertisement -

Gorenje, која веќе неколку месеци е во сопственост на кинески Hisense, деновиве почна со самостојна продажба на куќни апарати во Кина. „Од денеска сите апарати на Gorenjе се достапни за избрани купувачи во Кина. Планираме понудата на апарати на Gorenje во Кина значително да се зголеми во првиот квартал идната година“ велат од Gorenjе.

Освен во продавници, производите на Gorenjе ќе можат да се купат и онлајн. Инаку, Gorenje во комбинација со шведски Asko на кинескиот пазар е присутен од 2010 година, а таа продажба на компанијата досега и донела приход од 9 милиони долари.

Сподели!
- Advertisement -