ВИДЕО: Компанијата Royole го претстави првиот смартфон на склопување во светот

- Advertisement -

Компанијата Royole од Силиконската Долина го откри својот најнов футуристички смартфон. FlexPai е првиот паметен телефон во светот кој се превиткува како книга и се склопува. Екранот на телефонот е многу еластичен и може да се превитка на средината.

- Advertisement -

Телефонот за прв пат беше претставен во Кина. Дебел е 7,6 мм и има екран од 7,8 инчи. Освен предниот и задниот екран, кога ќе се превитка делот каде што е превиткан станува трет екран на кој може да се видат дојдовните повици, пораките или мејловите.

Во зависност од спецификациите, цената на телефонот се движи од околу 1.3000 до околу 1.880 долари. Надвор од Кина ќе биде пуштен само девелоперски модел по цена од 1.570 долари за моделот 128G до 1.750 долари за 256G.

- Advertisement -

Телефонот тежи само 320гр и има две камери на горниот дел.

https://www.youtube.com/watch?v=ZjdGhHLQIH4

Сподели!
- Advertisement -