ЕБОР и Шпаркасе банка Македонија ќе го зголемат финансирањето на мали и средни фирми

- Advertisement -

€10 милиони од ЕБОР, заедно со €1,5 милиони грант од ЕУ, наменети како помош за компаниите во нивното доближување до ЕУ стандардите

  • ЕБОР одобрува кредит во износ од €10 милиони на Шпаркасе банка Македонија, за натамошно кредитирање на македонските МСП.
  • Компаниите ќе добијат и €1,5 милиони грант од ЕУ ИПА, како дел од Програмата за поддршка на конкурентноста за Западен Балкан управувана од ЕБОР.
  • Најмалку 60% од финансирањето ќе биде инвестирано во проекти на МСП за заштеда на енергија

Шпаркасе Банка Македонија е втората македонска банка која ќе и се приклучи на иницијативата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за поттикнување на кредитирањето на малите и средни претпријатија (МСП) во земјата.

ЕБПР обезбедува €10 милиони на Шпаркасе банка Македонија, од Програмата за поддршка на конкурентноста за Западен Балкан, која заедно со Европската Унија (ЕУ), обезбедува среднорочно и долгорочно финансирање на МСП и им помага да ги достигнат ЕУ стандардите.

- Advertisement -

Кредитот на ЕБОР е поддржан со €1,5 милиони грант од ЕУ, од Инструментот за пред-пристапна помош (ИПА).

Финансирањето на ЕБОР за Шпаркасе банка Македонија ќе биде насочено кон надградба на производните капацитети за подобрување на конкурентноста на локалните компании, а најмалку 60% од фондовите ќе бидат насочени кон намалување на потрошувачката на енергија и ресурси, и поврзаните трошоци.

- Advertisement -

МСП кои ќе користат кредити преку Шпаркасе банка Македонија, доколку успешно ги завршат проектите на модернизација до одредени ЕУ стандарди, ќе добијат ИПА грант финансиран од ЕУ.

МСП се главен двигател на Македонската економија. Според податоците на ЕУ, тие придонесуваат со скоро 65% во вкупната додадена вредност и околу 80% во сите работни места во земјата, што  е далеку над просекот во ЕУ каде овие проценти изнесуваат 57% и 66% соодветно. Во почетокот на годинава, сличен финансиски пакет, од истата програма, беше доделен и на Охридска банка.

- Advertisement -

Програмата за поддршка на конкурентноста за Западен Балкан се стреми да обезбеди вкупно €30 милиони за кредитирање на македонските комерцијални банки, во наредниве години, придружувани од грант од ЕУ во вкупен износ од €6 милиони.

Програмата е надградба на претходната поддршка на конкурентноста во износ од €20 милиони, која беше пласирана од 2010 до 2015 и беше поддржана од Европската Унија која обезбеди €4 милиони грант.

ЕБОР инвестира во Македонската економија од 1993 година. До денес, Банката има потпишано над 110 проекти во земјата, со нето кумулативен бизнис обем од над €1.75 милијарди.

Сподели!
- Advertisement -