Clearview организира eднодневен настан „HR во IT – Светот на девелоперите за HR менаџери“

- Advertisement -

Clearview на 14 ноември во Стопанската Комора на Македонија организира еднодневен настан на тема човечки ресурси во ИТ сектор. Поаѓајќи од фактот дека најважните средства на секоја организација се човечките ресурси, а ефективноста на организацијата зависи од нивната ефективност и продуктивност, овојј настан за прв пат во Македонија ја опфаќа токму оваа тема. Успешното управување со човечки ресурси и оддржување на соодветни и хармонични односи во IT секторот не само што го детерминира успехот на организацијата, туку и влијае на развојот и перформансите на целокупната економија.

Настанот е инспириран од предизвиците со кои кои што секојдневно се соочуваат HR менаџерите во IТ компаниите:

- Advertisement -
  • Што ако Ве напушти најдобриот вработен на средина на проект? Колку брзо може да најдете замена?
  • Дали ги губите вработените?
  • Каде одат и зошто?
  • Дали мотивациските алатки кои ги користите се соодветни за нивните потреби
  • Дали го разбирате светот на девелоперите?
  • Какви типови на личности се вашите девелопери?

Зошто овој настан?

Ефикасното управување со човечките ресурси е клучно во одредување на растот и просперитетот на компанијата. Ова е особено точно во IT секторот. Eдна од најважните потреби на овој сектор е да се подобри оперативната ефикасност на вработените на сите нивоа, за да се подигне целокупната организација на пoвисоко ниво. IT секторот има потреба од компетентни и позитивно мотивирани луѓе кои ќе работат напорно да продонесат за достигнување на организациските цели и подобрување на севкупната оперативна ефикасност.

- Advertisement -

Предавач ќе биде Стевица Кухарски, препознатлив на светската сцена е Habbits, апликација за деца, кого хрватските медиуми го прогласија за еден од четирите иноватори кои ќе ја променат Хрватска.

Пријавување на следниот ЛИНК.

Сподели!
- Advertisement -