- Advertisement -
Регулаторната Комисија за Енергетика тукушто ги објави новите цени на горивата – бензините поевтинуваат за 4, односно 4.5 денари, додека цената на дизелот се намалува за три денари.
Во согласност со методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени се намалуваат во просек за 5.54%.
- Advertisement -
Цената на ЕУРОСУПЕР-95 се намалува за 4.50 денари, и еден литар 95-ка ќе чини 67.00 денари. Цената на ЕУРОСУПЕР-98 се намалува за 4 денари, и еден литар 98-ца ќе чини 69.00 денари.
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за три денари, и еден литар дизел ќе чини 64.50 денари.
- Advertisement -
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.
- Advertisement -