„Скриеното богатство на Старата скопска чаршија“, ќе се финансира од фондот за промоција на туризмот во Западен Балкан

- Advertisement -

Во рамки на проектот за развој и промоција на туризмот, предводен од Советот за регионална соработка (РЦЦ) во земјите од Западен Балкан, во петокот во Сараево се одржа свеченост по повод Првото доделување на грантови. Оваа година на церемонијата беа доделени 12 од вкупно 30 грантови во вредност од 548 илјади евра.

– Овие грантови, односно проекти, ќе придонесат за проширувања на туристичката понуда во регионот, затоа што ги опфаќаат сите шест економии на Западен Балкан, како во смисла на областа каде што ќе се реализираат, така и на тие што ќе ги спроведуваат. Затоа сметам дека имаме одлична регионална застапеност, поради што сум посебно среќен – изјави генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Горан Свилановиќ.

Оваа година грантовите ги добија невладини организации и организации од сите шест земји на Западен Балкан.

- Advertisement -

Од Македонија единствен добитник на грант е Институтот за стратешко истражување и едукација за проектот „Скриените богатства на старата скопска чаршија“.

На свеченоста се обрати и директорката за Западен Балкан во Генералната дирекција на Европската комисија за политиката на соседство и преговори за проширување, Геновева Руиз Калавера која истакна дека туризмот го сметаат за важен двигател на економскиот развој на Европската унија, како и на регионот. Таа додаде дека Западниот Балкан може да ја унапреди оваа област и да развие разновидна туристичка понуда.

- Advertisement -

Исто така, таа истакна дека Европската унија учествувала во осмислување на идејата и заедно со РЦЦ работи на реализирање на проектот.

– Проектите на кои им се доделени бесповратни средства ќе го истакнат заедничкото и богато културно наследство на регионот, што ќе помогне во градење на визијата за заедничка иднина и ќе придонесе за помирување – нагласи Калавера.

- Advertisement -

 

Со проектот за развој и промоција на туризмот, кој е финансиран од Европската унија, а имплементиран од страна на РЦЦ, се овозможува унапредување на културолошката и авантуристичката туристичка понуда во шесте економии од Западен Балкан – Македонија, Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора. Исто така, се залага за развивање на заедничките регионални туристички рути и производи, подобрување на инфраструктурата и квалитетот на услугите на тие туристички рути и глобално, промовирање на заедничката регионална туристичка понуда.

Планирано е од проектот, кој е вреден пет милиони евра, да бидат одвоени вкупно 1,62 милиони евра за грантови наменети за развој на заеднички регионални туристички патишта и подобрување на квалитетот на услугите и инфраструктурата на истите. Според шемата по која ќе се доделуваат овие грантови ќе има три циклуси од по 10-на грантови секој со вредност од 54 илјади евра неповратни средства.

Седум од дванаесет грантови, кои се доделени во првиот циклус, ќе бидат искористени за развој и промоција на нови регионални културни рути и производи, вклучително и римски археолошки локалитети, споменици на Втората светска војна, утврдувања и културно наследство на главните градови. Останатите пет ќе придонесат за понатамошен развој и промоција на постоечките авантуристички туристички патишта (Вие Динарика) и развој на нови производи, вклучувајќи и регионална патека за јавање.

Сподели!
- Advertisement -