Ford инвестира 100 милиони долари во градски превоз од иднината

- Advertisement -

Пазарот со кој владеат автомобилските компании многу се промени во последната деценија, а доаѓаат уште поголеми промени. Автономните возила кои ќе имаат електрични мотори полека ќе ги заменат класичните бензинци и дизелаши, но покрај тоа, уште еден вид транспорт е се попопуларен – електричните велосипеди и ромобили.

Вредноста на пазарот за електрични ромобили постојано расте и многумина токму тие ромобили се сметаат за градско превозно средство од иднината. Особено како т.н. last mile превозно средство, односно од гаража или станица до работа, трговски центар и слично. Притоа, компаниите најчесто не се ориентирани на продажба, туку на изнајмување – корисниците преку апликација го наоѓаат најблискиот ромобил, се регистрираат, се одвезуваат до одредена локација и го оставаат таму.

- Advertisement -

На пример, Bird, компанија која изнајмува електрични ромобили, стана стартап кој за најкраток можен рок достигна вредност од милијарда долари, што доволно зборува за вредноста, односно потенцијалот на тој пазар. Дека тој пазар е интересен и за автомобилските компании може да се види од последната аквизиција на Ford. Овој автомобилски гигант ја презеде компанијата Spin за преземање електрични ромобили. Како што пишуваат медиумите, вредноста на кавизицијата изнесува дури 100 милиони долари.

Сподели!
- Advertisement -