Македонската компанија Интертек, која се занимава со развој на ИТ продукти, направи апликација за менаџирање на возен парк и поддршка на логистички процеси, Рутикс, која го освојува глобалниот пазар
Основата на Рутикс претставува решение за оптимизирање на транспорните процеси, кое има за цел да го зголеми профитот на клиентите преку подобрување на продуктивноста, ефикасноста и безбедноста.
Целосното софтверско решение се состои од хардверски уред кој се инсталира во секое возило, и комуницира со сeрвер кој ги собира, обработува и чува податоците. Потоа тие податоци се анализираат, прегледуваат и искористуваат преку веб апликација, која е составена од низа алатки наменети да им ја олеснат работата и да им заштедат време на корисниците на софтверот кои се одговорни за транспортните процеси. Дополнително Рутикс има и мобилна апликација која е основна алатка на корисниците кои се на терен, каде покрај алатките за навигација и комуникација, се интегрирани сите потребни информации во врска со доделените задачи.
Постојаниот развој на продуктот и постојаните воведувања на нови можности и надоградувањата на веќе постоечките, го прави овој продукт доста атрактивен.
“Рутикс е апликација која има за цел да го олесни менаџирање на компаниите со возниот парк, како компании за транспорт или пак дистрибуција, со една цел да се зголеми продуктивноста, ефикасноста и безбедноста во компанијата и да се зголеми профитот преку заштеда од злоупотреби и намалување на расходите. Преку следење на возниот парк можете да ги гледате буквално сите аспекти за моменталната ситуација со возилата во секое време. Во време кое сите брзаме и буквално секоја секунда ни значи, сега имаме можност преку оваа апликација да си ги олесниме работетите. Да добиваме нарачки, рути на возење, директно да се комуницира со диспечерскиот систем, без никаков застој, да се креираатт фактури, коминетнти, добавувачи и сето тоа додека сте во движење е нешто што на секого му треба.” – изјави Мане Андреевски.
Компанијата Интертек работи во согласност со минимализирање на вертикален менаџмент и применува најразлични светски методи за менаџирање со продуктивноста на вработените. Целта на компанијата е да работи според глобално прифатени методи за менаџирање на тимовите и вработените поединечно, со цел зголемување на нивната продуктивност.
“Нашата компанија Интертек го развива овој продукт преку своите германски партнери во повеќе од 30 држави. Својата експертиза менаџментот одлучи да ја преточи во развој и на македонскиот пазар. Можам да кажам дека сме задоволни од македонските компании кои ја препознаа нашата понуда и да бидеме искрени навиките тешко ги менуваат, но полека успеваме да направиме овој продукт да го имаат што повеќе компании”. – додаде Мане Андреевски.
Сите подтоци кои се користат за работа со Рутикс се обезбедуваат преку процеси и сервиси согласно со светските стандарди за работа со сензитвни податоци како и европската конвенција за заштита на личните податоци ГДПР.