#ИновативностЧита: „Дигитален пре-маркетинг“ од Драган Варагиќ

- Advertisement -

Ако сакате да ги решите проблемите кои ве спречуваат да дојдете до значително подобри резултати од работењето на интернет, оваа книга е дефинитивно за вас. Низ стотина примери и совети, „Дигитален Пре-Маркетинг“ нуди поинаков начин на размислување за тоа што сè спаѓа во делокруг на работа од областа на дигиталниот маркетинг

Чудно е како луѓето гледаат на своето знаење… Сè уште постојат голем број луѓе кои после школувањето се однесуваат како да нема што и зошто повеќе да учат- според нив со завршување на формалното образование би требало да заврши и потребата за учење. Секако, животот секојдневно ни покажува дека по завршување на школувањето почнува вистинското учење за конкретната работа и тоа трае се додека сме способни да работиме и создаваме.

Праксата покажува дека најчеста причина за ненапредување е тоа што голем број луѓе не знаат што е следното што треба да го научат и совладаат во нивната работа, за да постигнат подобри резултати во работењето. Кога точно ќе утврдат што е тоа што следно треба да го знаат и применат во своето работење, побрзо и полесно ќе почнат да работат на тоа.

- Advertisement -

Врз основа на ова сознание, Драган Варагиќ развива методологија, која овозможува во секој момент да знаете што е следно што треба да научите за да направите значително подобрување во некоја сфера. Ја нарекува предуслови (prerequisites) и ја применува во сферата на маркетингот и бизнисот. Така се раѓа „Дигитален пре-маркетинг“ како концепт кој овозможува да утврдите каде моментално се наоѓа вашата компанија со начинот на примена на дигиталниот маркетинг и што точно од знаењата и праксата е потребно да примените следно, за значајно да ги подобрите вашите бизнис резултати, без разлика колку добро или лошо моментално ја познавате таа работа.

„Како да направам нешто“ не е ниту првото ниту вистинското прашање. Користете YouTube видеа, различни текстови, онлајн обуки, семинари и ќе го добиете одговорот на прашањето како да научите поедини маркетинг техники… Одговорот го има на сите јазици, треба само да се биде упорен… Важно е наученото да го испробате…

- Advertisement -

Вака Варагич ја започнува книгата, додавајќи дека вистинското прашање што компаниите и поединците треба да си го постават прво е „што е најдобро да работам, врз основа на моите постојни знаења, интереси и способности“. Содржината претставува детално објаснување на предусловите (Prerequisites for Marketing) кои треба да се знаат за суштински, побрзо и подобро да се усвои (дигиталниот) маркетинг како начин на размислување и делување во работењето. Авторот воведува нов концепт за значајно подобрување на резултатите од работењето онлајн.

- Advertisement -

Во книгата, опишани се дванаесет најзначајни предуслови, поделени во четири фази на развој на компанијата:

  1. Фаза на иницијален онлајн развој;
  2. Фаза на воспоставување поволни резултати од промоција;
  3. Фаза на оптимизација на системот на промоција; и
  4. Фаза на интегрирање на системот на промоција.

Книгата е оценета како задолжителна литература секаде каде се изучува маркетинг во кој било облик и е наменета за сите кои сакаат и оние кои мораат да научат нешто од областа на маркетингот. Фокусирана е на решавање на 3 проблеми:

  1. Како во од да ги решите проблемите кои ја спречуваат компанијата да постигне подобри бизнис резултати на интернет?
  2. Како лицата кои одлучуваат во компаниите подобро да ги разберат потребите на дигиталниот маркетинг?
  3. Како лицата од областа на маркетингот да дојдат до потребните ресурси за квалитетно реализирање на своите активности.

Драган Варагич e стратег за бизнис трансформација и развој на е-бизнис, блогер, предавач и еден од пионерите во работа на интернет. Тој ќе биде еден од говорниците на AllWebконференцијата за дигитални комуникации што ќе се одржи на 16 ноември во Скопје, каде детално ќе го претстави концептот на „Дигитален пре-маркетинг“.

 

Сподели!
- Advertisement -