Совети за здрава исхрана – што треба да содржи еден балансиран оброк?

- Advertisement -

Здрав и балансиран оброк е составен од хранливи состојки што ќе ги задоволат сите потреби за исхрана на една личност, притоа да не се надмине препорачаниот дневен внес на калории. Помага да се одржи доброто здравје на личноста, но и да се намалат ризиците од разни заболувања. Се базира на внимателен избор што ќе се најде во чинијата, затоа што преку балансираниот оброк треба да се опфати храна од сите пет групи неопходни за една балансирана исхрана.

И сето ова звучи комплицирано и тешко применливо, иако е лесно како 1, 2 и 3. Сите состојки потребни за здрав оброк може да ги најдете во секој маалски маркет. Затоа од Рептил подготвија и водич со совети за здрава исхрана, специјално наменет да ја олесни подготовката на еден балансиран оброк.

- Advertisement -

На следниов линк погледнете го изборот на производи во онлајн продавницата: http://www.marketonline.mk/

Тука и во маркетите на Рептил може да ги најдете сите состојки потребни за здравиот оброк.

- Advertisement -

Внимавајте на количината и на производите во чинијата!

Општо е познато дека на луѓето им е потребна одредена количина калории и хранливи материи за да останат здрави. Важно е да не се прејадувате и да внимавате на количината. А при изборот на храна, половина од чинијата на едно лице да се состои од овошје и зеленчук, а другата половина од зрна и протеини. Секој оброк треба да содржи и млечни производи за да бидат застапени сите групи храна потребна за здрав оброк.

- Advertisement -

Здрава, урамнотежена диета вклучува храна од овие пет групи:

  1. Зеленчук
  2. Овошје
  3. Житарки
  4. Протеини
  5. Млечни производи

Групата зеленчук вклучува пет подгрупи: лиснато зеленило, црвени или портокалови зеленчуци, скробен зеленчук, грав и грашок (мешунки) и други зеленчуци како што се модриот патлиџан или тиквичките. За да се внесат доволно хранливи состојки, а притоа чинијата да изгледа разновидно, треба да се внесува разновиден зеленчук, што може да биде сиров или варен. Предност треба да има свежиот, односно сировиот зеленчук. Пржењето треба да се избегнува максимално. Важно е и секоја недела да се јаде зеленчук од секоја од петте подгрупи.

Балансираната исхрана вклучува и многу овошје. Најдобро е да се јадат цели овошки.

Житарките е најдобро да се јадат интегрални затоа што побавно се варат и слабо влијаат врз шеќерот во крвта на една личност. Интегралните зрна содржат и повеќе растителни влакна и протеини. Во однос на количината, житарките треба да сочинуваат една четвртина од чинијата на балансираниот оброк.

Најмалку половина од житарките што личноста ќе ги изеде во текот на денот треба да бидат интегрални, а изборот и на полиците во Рептил е богат: киноа, овес, интегрален ориз, јачмен, јачмен, хељда, просо, спелта и слично.

Претпоследната група се протеините што треба да сочинуваат четвртина од чинијата на една личност. Може да избирате меѓу посно говедско и свинско месо, пилешко и мисирка, риба, но и грав, грашок и други мешунки. Најдобро е да не се мешаат протеините од животинско потекло со растителните, а во текот на неделата да се консумира од сите.

Додека едни ги напаѓаат, други ги препорачуваат како неизоставен дел од балансираната исхрана. Млечните производи, сѐ уште, се најприфатениот извор на калциумот. Особено урдата и киселото млеко. Како замена се препорачува и млекото и производите од соја, особено за луѓето кои се нетолерантни на лактоза може да се одлучат за производи со ниска лактоза или лактоза или да изберат соја-базирани извори на калциум и други хранливи материи.

РЕПТИЛ совет за оние кои сакаат да ја намалат тежината

Неправилната исхрана е најчестата причина за отежнатото симнување на килограмите. Оние што сакаат да намалат на тежина треба, редовно, да комбинираат 30 минутно пешачење или друг тип вежбање, со балансирана исхрана. Но, во овој случај, приоритет ќе има храната богата со протеини, независно дали се од растително или животинско потекло. Се намалува внесот на скробни зеленчуци, како што се оризот и компирот, како и на останатата храна богата со јаглехидрати и преработената храна.

За крај, може да сумираме дека советите за исхрана се менуваат често, особено кога научниците и нутриционистите откриваат нови информации за храната и влијанието врз организмот. Но, отсекогаш постоел консензус дека со храната не треба да се претерува, дека треба да биде разновидна и да се внесува умерено. Тајната на успехот е најмногу да се јадат зеленчуци и овошја, потоа посни протеини, млечни производи и растворливи влакна, односно интегрални житарици.

Сподели!
- Advertisement -