Стартап Македонија организира дискусија на тема „Воведување на корпоративните иновации во Македонија“

- Advertisement -

Стартап Македонија организира панел дискусија на тема „Воведување на корпоративните иновации во Македонија“, како дел од светската недела на претприемништво

Настанот ќе се одржи на 14.11.2018 год, со почеток во 18:00 часот во Јавна Соба во Скопје, а целта e поврзување на најразвиените комапнии од областа на информатичките технологии, fin-tech и BigData со најуспешните старатапи во Македонија и соседните земји, преку кое истите ќе можат да разменат искуства и мислења и создадат потенцијали за идна соработка.

На панелот, меѓу другите ќе се обратат и амбасадорот на САД во Р.М, Џес Бејли, амабасадорот на Швајцарија Сибил Сутер Тејада, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Јован Деспотовски и Игор Маџов, кo-основач на Стартап Македонија.

- Advertisement -

Инаку фокусот на овогодинешната светска недела на иновации во Скопје (Global Entrepreneurship Week Skopje), која е дел од глобалната иницијатива што од 12-18.11.2018 год ја промовира иновативноста во 170 земји ширум светот, се развивање на претприемништвото, поттикнување на растот и развојот на нови бизниси и воспоставување на стратешки партнерства меѓу стартапите, претприемачите, развиените бизниси и компаниите, а истата е поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој, проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ, Швајцарската програма за претприемништво (SwissEP), South Central Ventures, Startup Commons, Фитбит и Inplayer.

 

Сподели!
- Advertisement -