Емил Тедески, сопственик на групацијата Atlantic, и официјално влегува во сопственичката структура на загрепското радио Yammat FM, на кое уредува емисија. Деновиве во Трговскиот суд и официјално ќе биде потврдена косопственоста на компанијата E2E4MUSIK d.o.o., зад која стои Тедески, во компанијата Yammat d.o.o., чиј единствен сопственик досега беше Ален Бален.
Тедески веше има искуство со учество во медиумски проекти – беше еден од косопствениците на RTL Hrvatska се до 2015 година. „Сметам дека тоа е најпрогресивното радио во етерот, не само во музичка смисла, туку и во поширока општествена, граѓанска смисла. Ме радува соработката со интересни, способни луѓе со кои делам исти интереси и вредности, па ме радува и тоа што можам лично да придонесам во развојот на еден квалитетен медиум, кој по мое мислење навистина има додадена вредност“, изјави Тедески за косопственоста на Yammat FM.
Сопственикот на Yammat FM, Ален Бален, изјави дека Тедески ја поддржува музичката слобода и општествената демократија која од првиот момент на емитување на радиото ја негуваат на фреквенцијата на Yammat, па нивната досегашна соработка резултирала со низа одлични проекти.
„Во време кога детално ги привршуваме подготовките за идните поглавја од развојот на Yammat, сосема е логично и природно здружувањето социвилизациски истомисленик или ако сакате, деловно партнерство со соборец и воедно докажан врвен бизнисмен, кој целосно го разбира и активно го заговара општествено-музичкиот контекст на Yammat“, изјави Бален.