Град Скопје ги потроши средствата за субвенции за електрични тротинети

- Advertisement -

Град Скопје информира дека се исцрпени средствата предвидени за субвенции за купување електро тротинети, односно денеска до 15 часот се пристигнати 109 барања

Со ова, условот за завршување на јавниот повик е исполнет, а барања на граѓаните за субвенции за електро тротинети вработените во архивата на Град Скопје нема да ги примаат.

Со јавниот повик за субвенции за купување на електрични тротинети, граѓаните на подрачјето на градот Скопје имаа можност да набават електро тротинети, а Град Скопје да ги субвенционира во висина од 50% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 10.000 денари со вклучен персонален данок на доход.

- Advertisement -

Оваа е една од мерки кои Градот Скопје ги презема во насока на промоцијата на мобилностa и алтернативните начини на превоз. Годинава беа доделени и 3.119 субвенции за граѓаните за набавка на велосипеди.

Сподели!
- Advertisement -