Овој план е дел од нацрт-законот за климатски промени и енергија на Шпанија, а владата се обврзува секоја година да инсталира капацитети на ветер и соларна енергија од минимум 3.000 мегавати во следните 10 години.

- Advertisement -

Европската Унија забранува издавање нови дозволи за откопување на фосилни горива, експлоатација на јаглеводороди и издувни бунари. Исто така, една петтина од државниот буџет се залага за мерки што ќе ги спречат климатските промени.

Во иднина, државата ќе изготвува договори за „праведна транзиција“, односно ќе ги затвора повеќето шпански рудници за јаглен во замена за социјални пакети за вработените во рудниците како на пример: предвремено пензионирање, обуки за работа со чиста енергија и обнова на животната средина.

- Advertisement -

Шпанската влада, исто така, го укина контроверзниот „данок за сонце” што го спречи растечкиот сектор за обновлива енергија во земјата.