Monkeycycle е модуларен велосипед кој расте заедно со вашето дете

- Advertisement -

Сите родители сакаат најдобро за своите деца. Велосипедот со три тркала е најдобар за децата да се научат да балансираат и да вртат на педалата. Но, сите набрзо сфаќаат дека децата растат многу брзо и треба многу често да ги менуваат велосипедите, што значи трошење доста пари за после да имаат гаража полна со велосипеди кои не ги користи никој. Еден инженер и велосипедист најде најдобро решение за сите родители.

Запознајте го MonkeyCycle, модуларниот велосипед кој расте заедно со вашето дете. Monkeycycle има осум различни форми и величини за да нема потреба често да ги менувате велосипедите на децата. Сите различни форми и големини на велосипедот се соодветни за дете од девет месец до шестгодишна возраст, така што додека вашето дете тргне на училиште ќе ви треба да купите само еден единствен велосипед.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -