ИКЕА ќе прави производи од рециклирана слама за да се бори против загадувањето во Индија

- Advertisement -

Со цел да се бори против загадувањето во Индија, најпознатиот шведски малопродажен синџир ИКЕА ќе прави производи од рециклирани отпадни материјали. Секоја зима многу смог го загрозува животот на луѓето во градовите во Индија. Кога ситуацијата е најлоша, речиси половина од загадувањето во индиските градови доаѓа од фармерите кои палат слама од оризовите полиња секој октомври.

Само државата Пунџаб има 20 милиони тони слама годишно, а 90% од таа слама се палат на оризовите полиња. Сега ИКЕА ќе ја собира таа слама пред да ја запалат фармерите и ќе прави суровини за правење производи. Првите производи направени на овој начин ќе почнат да се продаваат во Индија во 2019 година.

- Advertisement -

Фармерите ја палат сламата само затоа што тоа е најевтиниот и најефикасниот начин да се справат со отпадот и им овозможува да посадат жито само неколку дена откако ќе го оберат оризот. Но, со палењето се добиваат штетни честички кои се 30 пати потенки од човечкото влакно и навлегуваат длабоко во белите дробови.

Минатата година воздухот во Делхи беше толку загаден што дишењето на тој воздух беше исто толку штетно како да сте испушиле 40 цигари дневно. Девет од десетте најзагадени градови во светот се наоѓаат во Индија, а поради загадувањето секоја година во земјата умираат еден милион луѓе.

- Advertisement -

Ikea will make products out of waste materials to fight pollution in India

It'll reduce crop burning, a major source of Delhi's pollution. Read more: https://wef.ch/2K91S6b

Posted by World Economic Forum on Петок, 16 ноември 2018

Сподели!
- Advertisement -