По прв пат дозволено одгледување на генетски модифицирани банани

- Advertisement -

Генетски модифицирана банана, отпорна на разорните габични болести, доби одобрение за одгледување во Австралија и Нов Зеланд. Модифицираната „кавендиш“ банана, дизајнирана за борба против ширењето на сојот габи фисариум, познат како TR4, доби лиценца од Канцеларијата на регулатори на генетска технологија во Австралија.

Прехранбените регулатори во Австралија и во Нов Зеланд дополнително ги одобрија генетски модифицираните банани како безбедни и хранливи, во споредба со конвенционалните сорти. Одобрението важи само ако надлежните министри на Нов Зеланд и Австралија не опобараат ревизија во текот на наредните 60 дена.

- Advertisement -

Бананата „грос мичел“ доминирала на западните пазари се до појавата на сојот фисариум TR1 во 1950-тите години, што довело до широко усвојување на „кавендиш“ бананата. Сега, соочени со заканите од сојот габи TR4, кој може да влијае на разни сорти банани, научниците предводени од Џејсм Дејл од Технолошкиот универзитет Квинлсенд развија банана наречена QCAV-4 со вградување на ген од диви банани.

Оваа одлука ја опишуваат како многу битен чекор кон изградба на безбедносна мрежа за бананите „кавендиш“ од TR4, а Дејл го нагласува глобалното значење на новата модифицирана банана.

- Advertisement -

Додека Австралија моментално го ограничува TR4 преку мерки на карантин, не се поставени планови за одгледуваее или продажба на QCAV-4 бананите. Меѓутоа, нациите кои се борат со TR4 може да размислат дали ќе го усвојат ова генетски модифицирано решение. Тимот на Дејл допрва треба да ја зголеми отпорноста на бананите QCAV-4 користејќи CRISPR уредување на гени.

Битно е тоа што генетски модифицираните посеви се различно прифатени во различни делови од светот. Во Австралија само четири генетски модифицирани врсти се претходно прифатени, меѓу кои се маслена репка, шафран со вишок олеинска киселина и еден вид на памук отпорен на хербициди.

- Advertisement -

(New Scientist)

(фото: Picryl)

Сподели!
- Advertisement -