ОКТА додели стипендии за најдобрите студенти од УКИМ

- Advertisement -

Десет студенти од шест факултети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се добитници на стипендиите за втор циклус студии кои втора година по ред ги доделува компанијата ОКТА. Стипендиите на избраните кандидати им ги врачи Главниот извршен директор на ОКТА, Јанис Геруланос, за време на свеченоста за одбележување на 40годишниот јубилеј на компанијата. Со доделување на целосните стипендии за постдипломски студии, компанијата ги поддржува најуспешните и најамбициозните студенти кои сакаат да го продлабочат своето знаење на повисоко ниво. Изборот на факултети односно стипендирани области се тесно поврзани со дејноста на компанијата. Во таа насока, за академската 2018/2019 година се доделени по две стипендии на ПМФ – Институт за хемија, Машинскиот факултет, ФЕИТ и Технолошко-металуршкиот факултет, додека стипендии добија по еден студент од Економскиот факултет и од Факултетот за земјоделски науки и храна.

- Advertisement -

 

Преку меморандумот за соработка потпишан со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, ОКТА континуирано го поддржува професионалното надградување на студентите на УКИМ. Повеќегодишната соработка се одвива и преку реализирање на редовната програма за практиканти, како и со поддршката на компанијата на различните активности за унапредување на наставно – образовните процеси.

Сподели!
- Advertisement -