Британски научници создадоа генетски модифициран вирус кој го убива ракот

- Advertisement -

Научници на Универзитетот Оксфорд создадоа генетски модифициран вирус кој ги убива клетките на ракот. Вирусот ги напаѓа и туморите и здравите клетки, познати како фибропласти, кои го штитат ракот од имунолошкиот систем.

Сите постојни третмани кои ги убиваат фибропластите истовремено предизвикуваат оштетување на коскената срцевина или на кожата. Истражувачите велат дека ова е прв пат фибропластите на канцерот да се таргетираат на овој начин.

- Advertisement -

Доктор Кери Фишер од Катедрата за онкологија на Универзитетот Оксфорд кој го предводеше истражувањето, вели дека дури и во случаи кога ќе се уништат најголем дел од канцерогените клетки, фибропластите можат да ги штитат останатите клетки и да им помогнат да растат. Досега немаше начин да се убијат и канцерогените клетки и фибропластите без да се наштети на остатокот од телото.

„Нашата нова техника симултано ги таргетира фибропластите додека ги убива клетките на канцерот. Овој вирус може да биде значаен чекор кон замена на супресијата на имунолошкиот систем кај карциномите и повторно воспоставување на нормален имунолошки систем“, вели д-р Фишер.

- Advertisement -

Вирусот се вика енаденотуцирев. Веќе се користел во клинички испитувања на канцери кај панкреас, дебело црево, бели дробови, гради, јајници и простата. Терапијата со вирусот била тестирана на глувци и на примероци од канцерогено ткиво од луѓе. Исто така, го тестирале и на здрава коскена срж и откриле дека не е токсичен. Доколку понатамошните тестирања се покажат успешни, идната година може да почне тестирањето на пациенти.

Сподели!
- Advertisement -