Нордиски бродови крузери ќе пловат на гориво направено од мртви риби

- Advertisement -

Нордиската компанија Hurtigruten своите крузери и траекти ќе ги модифицира за помалку да ја загадуваат околината и меѓу другото, компанијата сака да користи биопроизвод направен од мртви и расипани риби како погонско гориво

Компанијата која е најпозната по своите тури долж северните брегови и фјордови се до Арктикот во текот на наредните три години ќе работи на модернизирање на флотата, која се состои од 17 пловила. Ќе инвестира вкупно 826 милиони долари со цел намалување на загадувањето, особено за намалување на емисијата на CO2.

Шест бродови ќе бидат прилагодени за користење на течниот природен гас (LNG), електрични батерии и течен биоплин (LBG).

- Advertisement -

„Станува збор за користење извори на енергија од органски отпад (LBG), кој инаку би пропаднал. Тоа е отпад од мртви риби, од земјоделството и шумарството. Нашата главна цел е да ја намалиме емисијата на СО2“, вели директорот на компанијата, Даниел Скјелдам.

Hurtigruten нарача и три нови бродови кои ќе возат на струја, а дизел моторите ќе служат само како резерва.

Сподели!
- Advertisement -