Германија ќе почне со затворање на електраните на јаглен

- Advertisement -

Германија ќе почне со затворање на електраните на јаглен во западниот дел од земјата, соопшти магазинот „Шпигл“ повикувајќи се на интерни документи на владината комисија за јаглен, која во моментот ја оценува стратегијата за излез на земјата од ваквиот начин на производство на енергија

Повеќето од електраните во западна Германија, со вкупен производствен капацитет од 37 гигаватти електрична енергија, ќе бидат исклучени од мрежата меѓу 2022 и 2030 година, се наведува во извештајот, а централите во источна Германија нема да бидат исклучени од мрежата пред почетокот на втората фаза во 2030 година, јавува агенцијата „Ројтерс“.

Комисијата за јаглен ќе ја повика владата да преговара со комуналните претпријатија за договор за компензација, наведува „Шпигл“ додавајќи дека комисијата ќе се одлучи за решение со кое компаниите ќе добијат повеќе пари за побрзо затворање на електраните.

- Advertisement -

(Денар.мк)

Сподели!
- Advertisement -