Оваа комбинација од автомобил и хотелска соба ќе направи револуција во патувањето!

- Advertisement -

Автономниот атнички пакет (ATS) претставува комбинација од хотелска соба и автомобил. Хотелската соба на тркала ја осмисли Стив Ли од Торонто, кој на јавноста и ја претстави во април годинава, а се смета дека ќе направи револуција во начинот на кој патуваме.

Ли вели дека неговиот хибриден концепт за автомобил, кој ја освoи годинашната награда Radical Innovation, инаку на натпревар за дизајн во угостителската индустрија, комбинација од неговото искуство во дизајнирање хотели и футуристичка технологија.

- Advertisement -

Иако дизајнерите на автомобили се фокусираат на развивање напредни верзии на конвенционалните возила, видов потреба да ги спојам автомобилите со некој вид архитектура“ вели Ли.

Оваа екстремно модернизирана верзија на камп возило е дизајнирана да превезува патници на подолги релации, а ATS е опремен и со многу елементи кои се наоѓаат во традиционалните хотелски соби како што се простор за спиење со анатомски душек, работна маса, мала кујна, тоалет и забавна зона за гледање филмови и играње игри. Исто така, битно е да се истакне дека ова возило ќе биде само еден од составните делови на т.н. подвижни хотели, чии соби ќе бидат токму вакви возила кои ќе може да се одвојат од хотелот кога и да посакате.

- Advertisement -

Подвижните хотелски соби ќе може да се купат со разни величини: за соло патници, за парови или за цели семејства, а со возилото ќе управува посебна апликација. Имено, патниците ќе ја изберат почетната и крајната точка  на патувањето, а ќе можат и да го програмираат возилото да застане кај некоја продавница или ресторан.

Ли моментално размислува на кој начин ќе се напојуваат ATS со енергија. Примарно, овој хибрид треба да користи електрична енергија, а како втора опција се наведуваат различни горива. Предвидено е хибридите од овој тип да почнат да се користат во САД до 2021 година, но инфраструктурата потребна за да станат дел од системот на јавните патишта нема да биде изградена уште најмалку десет години.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -