Зa брз економски раст најдобриот избор се земјоделство и одговорно рударство

- Advertisement -

Можат ли земјоделството и рударството да коегзистираат е дебата која во изминатите две години се распламти. Се развија две спротивставени страни и излегоа ставови дека нашата земја мора да направи остар избор помеѓу двете, и тоа по секоја цена. Но, дали Македонија треба и мора да плата таква цена – одговорот го побаравме со следнава анализа

Истражувајќи ја МАКстат дата базата на Заводот за Статистика, бројките од Централниот регистар и ревидирани истражувања од Светска Банка, ММФ и PwC, Phalanx Capital Inc. направи комплетна слика за тоа што значат земјоделството и рударството за македонската економија. Таа слика фактички докажа нешто сосема различно од митовите, потенцијалните скриени агенди и неодговорно презентираните некомплетните анализи кои ја инфицираа и јавната дебата. Главниот или вистински факт е дека двете гранки се од стратешка важност и нема реална причина да не ко-егзистираат на начин кој е основан на наука и модерна пракса за корист на сите.

Статистички факти и економска ефикасност: Земјоделството ангажира околу 120,000 луѓе (вклучувајќи нередовно, за просечна нето месечна заработка од 290 евра) директно составува скоро 8% (или 791 милиони евра) во БДП, нето извезува од 112 милиони евра и плаќа 36 милиони евра во нето придонеси кон буџетот. Но, оваа гранка одзема 92 милиони евра годишно во субвенции од даноците кои сите ги плаќаме. Рударството вработува околу 6,500 луѓе (со просечна нето месечна плата од 486 евра или 68% повеќе од земјоделството), директно составува 1,5% (или 152 милиони евра) во БДП, нето извезува 135 милиони евра метали и плаќа 44 милиони евра во нето придонеси кон буџетот. Оваа гранка функционира без субвенции. Ако го погледнеме директниот ефект по вработен во БДП, земјоделството придонесува околу 6.600 евра годишно по земјоделец, а рударството е три-и-пол-кратно попродуктивно, односно околу 23.100 евра по човек. Кога зборуваме за индиректните економски ефекти, номиналните вредности се многу блиски, земјоделството создава 633 милиони евра дополнително а рударството создава 609 милиони евра. Како коефициент рударството има далеку повисок импакт врз економијата бидејќи секое 1 евро активност генерира вкупно 5 – а во споредба земјоделството генерира 1.8.

- Advertisement -

Со само 0,2% реален раст на БДП во Македонија во 2017, овие две гранки на економијата се значајни и ниту една не смее да биде неодговорно третирана или работена. Бидејќи, таква неодговорност може да предизвика рецесија. Сега земајќи го во предвид горенаведеното, предизвикот за владината политика е да се оттргне од минатото и да се придвижи кон идинината. Од гранки со ниска додадена вредност како егзистенцијално земјоделство кон гранки со повисока додадена вредност, на одговорен начин.

На пример, ако само 10.000 луѓе би ја имале шансата да се префрлат од земјоделство во гранка со повисока додадена вредност и слични параметри на економски импакт како рударството, тогаш би се:

- Advertisement -

• Создало подобрување на животниот стандард на тие 10.000 луѓе едноставно од 68% зголемување на нивните месечни примања • Подобрило животот на тие кои придобиваат од индиректниот импакт

• Зголемило БДП за 166 милиони евра или 1,7% врз основа на екстраполација на статистичките просеци

- Advertisement -

• Имало индиректна економска додадена вредност од дополнителни 663 милиони евра или вкупен директен и индиректен импакт од 829 милиони евра, кое е 8,3% од БДП

Единствениот пат напред е одговорно и разумно развивање на двете гранки во согласност со европските стандарди кон кои се стремиме, но со акцент на повисоко вредносните гранки. Се со цел да се изгради одржлива и диверзифицирана економија на одговорен начин. Phalanx Capital е независна компанија за корпоративни финансии и инвестиции, фокусирана на динамичните пазари во Југоисточна Европа: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија и Словенија. Компанијата е основана во април 2005 година за да одговори на побарувачката од клиентите за финансиски услуги од светска класа кои се испорачуваат локално.

Со советодавен тим од светска класа составен од интернационални професионалци со долгогодишно искуство стекнато во водечки светски финансиски институции како UBS, Rothschild, ABN AMRO, PwC. Со Советодавен Одбор составен од искусни и влијателни бизнис лидери од Југоисточна Европа. Компанијата има четири бизнис линии: корпоративни финансии, примарно финансирање, управување со средства и управување со богатство.

Сподели!
- Advertisement -