МЕПСО поставува нова оптичка мрежа во вредност од милион евра, на 12 далеководи во вкупна должина од 200 километри. Досега е завршено 50 проценти од планираното. Директорот на МЕПСО најави набавка на телекомуникациска опрема, по посетата на локација во Струмица. Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски рече дека намерата на владата е на цела територија да има високопојасен интернет.
„Оттука од Струмица сакам да ja најавам новата инвестиција од 5 милиони евра во телекомуникациите. Очекувам во следните 10 дена да биде објавена тендерската докуемнтација. Тоа значи дека ќе имаме многу придобивки не само како МЕПСО туку, судовите училиштата телекоминикациите“, вели директорот на МЕПСО Сашо Василевски.
Од 24 влакна кои тука се поставуваат, 4 се за потребите на МЕПСО, а 20 се оставени и за други потреби за кои ќе се договориме, согласно новиот национален план кој владата ќе го донесе пред крајот на оваа година.