Microsoft го престигна Apple и стана највредната компанија во светот

- Advertisement -
Во текот на летото доста се пишуваше за Apple како првата компанија во светот чија вредност надминала еде трилион долари. Цената на акциите на Apple тогаш изнесуваше 207 долари.  Подоцна скокна на дури 231, но потоа ги претставија новите модели на iPhone, кои се чини не ја доживеаја популарноста која се очекуваше.

Неделава тоа негативно се одрази на финансиските резултати на Apple и вредноста на акциите на компанијата се намали на 172,2 долари, што значи дека вкупната вредност на акциите на Apple падна на износ од 746 милијарди долари.

Од друга страна, тука е компанијата со седиште во Редмонд, Вашингтон, која континуирано бележи позитивни финанасиски резултати и сега вреди 753 милијарди долари. Станува збор за гигантот Microsoft, кој го замени Apple на местото највредна компанија во светот, а се очекува и дека во блиска иднина може да ја надмине вредноста од трилион долари.

Сподели!
- Advertisement -