Пет начини на кои социјалните мрежи влијаат врз нашето ментално здравје

- Advertisement -

Со оглед на бројот на болести поврзани со предолгото седење и бројот на луѓе кои ги убива секоја година, можеме да заклучиме дека седењето е една од најлошите работи кои можеме да ги направиме за нашето здравје. Според многу експерти, седењето денес е еднакво штетно како што некогаш било пушењето. Меѓутоа, она што најчесто додека седиме и имаме неколку минути или саати слободно време е прегледување на социјалните мрежи.

Потенцијалните негативни ефекти на социјалните мрежи не се однесуваат само на децата, туку и на возрасните, а некои од истражувањата покажуваат и дека социјалните медиуми не се добри и за нашето ментално, не само физичко здравје. Во продолжение ви наведуваме само некои од негативните ефекти поради кои треба да размислиме за намалување на времето кое го поминуваме пред компјутер или телефон.

- Advertisement -

Создаваат зависност
За постоењето зависност од Интернет или само зависност од социјалните мрежи нема договор од експертите. Имено, истражувањето спроведено на Универзитетот Нотингем Трент заклучува дека зависноста можеме да ја поврземе со социјалните мрежи кога зборуваме конкретно за зависност од Facebook затоа што критериумите на зависност како што се занемарување на приватниот живот, ментална преокупација, промена на расположение, како и сокривање на зависничкото однесување се присутни кај луѓето кои претерано ја користат оваа социјална мрежа.

Повеќе создаваат тага отколку чувство на благосостојба
Што повеќе ги користиме социјалните мрежи толку повеќе сме несреќни. Истражување спроведено пред неколку години покажа дека користењето на Facebook е поврзано со намалено задоволство од сопствениот живот и намалена среќа. Колку повеќе испитаниците дневно повеќе користеле Facebook така се намалувале задоволството и среќата. Исто така, едно од истражувањата дошло до заклучок дека зачестеното користење на социјалните мрежи ги прави луѓето социјално поизолирани и може да доведе до психички, но и физички проблеми.

- Advertisement -

Споредувањето на својот живот со туѓи животи не е добро за менталното здравје
Една од причините зошто користењето на Facebook ги прави луѓето да се чувствуваат поизолирани е факторот на споредување. Пребарувајќи го новите настани запаѓаме во замка каде што се споредуваме со другите и нивните животи. Еден од заклучоците до кои се дошло е дека луѓето се чувствуваат лошо кога нивните пријатели се поуспешни или помалку успешни од нив. Односно, каква било споредба со другите луѓе се поврзува со симптоми на депресија.

Може да доведе до чувство на љубомора
Не е изненадување дека факторот на споредување воедно доведува и до љубомора. Некои од последните истражувања покажуваат дека користењето на социјалните медиуми предизвикува љубомора и други негативни емоции кај корисниците на Facebook. Исто така, едно од устражувањата ја потврдило врската меѓу зависта и депресијата.

- Advertisement -

Повеќе пријатели на социјалните мрежи не значи дека сте друштвени
Едно истражување од пред неколку години покажа дека поголемиот број пријатели на социјалните мрежи не значи дека имаат подобар социјален живот. Чувството дека сте друштвени и опкружени со пријатели поради бројките на Facebook не е вистинско. Проблемот кој може да се појави е и чувството на осаменост поврзано со разни ментални проблеми, па затоа е битна вистинската поддршка од пријателите. Битно е да бидете свесни дека времето поминато со виртуелните пријатели ги нема истите терапевтски ефекти како и времето поминато со реалните пријатели.

Сподели!
- Advertisement -