Три психолошки вештини кои ќе ви помогнат да размислувате како шампион

- Advertisement -

Замислете дека имате помалку од 24 часа до некој битен говор пред многу луѓе. Сте го вежбале говорот илјада пати во вашиот дом пред огледало и се ви изгледа и звучи совршено, меѓутоа на генералната проба проголтавте неколку зборови и заборавивте половина од тоа што планиравте да го кажете. Загрижени сте дека ќе се блокирате пред публиката и ќе пропуштите една единствена прилика.

Што можете да направите за да бидете успешни? Да прочитате се што пишува на Интернет за правење добри говори? Можеби да викнете некој пријател како поддршка или да се визуелизирате себеси како зборувате пред публика? Според истражувањата, би требало вечерта пред битниот настан да ја поминете така што ќе се замислувате себеси како давате одличен говор. Кога притисокот е голем, конверзацијата со самиот себе може да значи многу.

- Advertisement -

Без оглед на тоа дали сакате да прикажете некоја презентација на најдобар можен начин или да барате покачување на плата, овие психолошки вештини можат да ви помогнат. Еве како да ги имплементирате.

- Advertisement -

1.Замислете го успехот
Кога размислувате за тоа дека ќе успеете, си ги зголемувате шансите навистина да успеете. Истражувањата покажуваат дека луѓето имаат доста проблеми да се замислат себеси како успеваат во нешто затоа што не знаат како да го направат тоа. Процесот е едноставен – само замислете го целиот перформанс чекор по чекор и секоја минута размислувајте за посакуваниот исход.

2.  Зборувајте сами со себе
Замислете го Тајгер Вудс секогаш кога ќе замавне со стапот во себе си мисли: „Оваа топка сигурно нема да влезе во дупката“. Тој не би бил на самиот врв ако себеси си зборува негативно за исходот од играта. Истражувањата покажуваат дека мотивациониот говор кој си го одржувате сами за себе е подобар отколку некој друг да ви дава инструкции за успех. Потсетете се себеси дека се чувствувате одлично кога ќе ви успее некој проект.

- Advertisement -

3. „Ако… – тогаш…“ планирање
„Ако… – тогаш…“ изјавите се многу ефикасни кога се натпреварувате, како и за промена на навиките, како што е губењето килограми. Ваквото планирање можете да го вежбате така што ќе го идентификувате предизвикот со кој се соочувате („ако“) и ќе ги испланирате чекорите кои ќе ги преземете („тогаш“). На пример можете да си речете себеси „Ако се сомневам во себеси, ќе почнам да мислам за се што знам и умеам“ или „Ако моето срце почне силно да бие, ќе дишам длабоко за да се смирам“. Доколку имате план како да се соочите со предизвиците, тоа може да ви помогне да ги пребродите сите препреки и да ги стишите емоциите како анксиозност и страв.

Сподели!
- Advertisement -