НАСА ја објави првата фотографија од Марс

- Advertisement -

Сондата InSight, на која експерти од НАСА работеа речиси десет години и на која се потрошени околу 850 милиони долари, вчера околу 21 часот успешно слета на површината на Марс. Денес НАСА гордо ја објави и првата фотографија која ја направи камерата на леталото од површината на Марс од пределот наречен Елизиум Планиција, односно висорамнина во близина на екваторот на Марс.

Патувањето од Земјата до Марс траеше шест месеци и сондата на тој пат помина 548 милиони километри. На површината на Марс ќе остане две години и притоа ќе мери сеизмички активности и ќе собира податоци за температурата во надеж дека тие податоци ќе ја откријат тајната за настанувањето на Црвената планета и евентуално ќе даде одговор на вечното прашање – има ли живот на Марс и дали некогаш имало живот.

Сподели!
- Advertisement -