Германскиот индустриски гигант Siemens објави дека обезбедил нарачка вредна 1,5 милијарди евра, односно 95 возови за лондонското метро. Возовите ќе бидат во погон на линијата Пикадили почнувајќи од 2023 година, а ќе го заменат стариот возен парк од 70-тите години од минатиот век.
Линијата Пикадили постои од 1906 година, а денес по неа сообраќаат 700.000 патници дневно. Дополнително е продолжена за да се поврзе тој дeл од градот со аеродромот Хитроу. Постојните возови го имаат надминато векот на траење за 40 години.
Новите возови се така проектирани да бидат значително поудобни и да можат да примат повеќе патници. Градското сообраќајно претпријатие сака да го зголеми капацитетот на линијата за 60%, што значи до 21.000 патници повеќе отколку што дозволува сегашниот капацитет. Лондонското метро мора да сервисира што повеќе патници – се проценува дека до 2030 година бројот на жители на Лондон ќе достигне 10 милиони.
Од TfL планираат да набават вкупно 250 нови возови за четири т.н. Deep Tube линии, изградени на голема длабочина во тесни тунели.