Млади иноватори ќе го решаваат проблемот со загадениот воздух

- Advertisement -

Млади иноватори на возраст од 13 до 19 години добија по 120 000 денари за реализација на нивните решенија за намалување на загаденоста на воздухот во и околу училиштата за време на хакатонот организиран од CEED-Hub, со поддршка од Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образование, Фондот за иновации и технолошки развој и Уницеф

Ова е втор циклус на програмата UPSHIFT – прва од овој вид во земјата – која претставува комбинација од работилници за социјални иновации со менторство и обезбедување материјали и финансиска поддршка и која им овозможува на младите луѓе да стекнат вештини за претприемништво.

„Оваа програма е отскочна штица за младите луѓе за тие активно да се вклучат, да покажат дека секој проблем може да се реши. Со тоа, тие ќе ги инспирираат и институциите повеќе да се ангажираат за намалување на загадувањето и секако за подобра иднина на сите”, истакна Арбер Адеми, министер за образование и наука.

- Advertisement -

„ UPSHIFT е важен за младите од три причини – им овозможува да соработуваат за да изнајдат иновативни решенија за справување со загаденоста на воздухот, што е голем проблем во земјата; со тоа учат нови вештини за решавање проблеми, комуникација, иновативно размислување, претприемништво, и исто така им овозможува да сфатат каква моќ имаат за промена на некои од горливите предизвици во општеството”, рече Бенџамин Перкс, претставник на Уницеф.

На тридневниот хакатон за „изнаоѓање решенија”, 10 тима од Скопје, Тетово, Струга, Виница, Валандово, Кочани и Велес работеа со страст за да ги разработат своите решенија за намалување на загаденоста на воздухот во и околу училиштата – од подигање „зелен ѕид“ во близина на училишната ограда, намалување на правот и чистење на воздухот преку надградба на старите компјутери; подобрување на квалитетот на воздухот со свеќи направени од пчелин восок; зголемена употреба на соларна енергија, промена на однесувањето и поттикнување на адолесцентите на осмислен ангажман во заедниците.

- Advertisement -

Уницеф и Фондот за иновации и технолошки развој ќе поддржат спроведување на уште еден UPSHIFT циклус во 2019 год.

Целта е на долг рок да се поддржат Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование да ја воведат UPSHIFT методологијата во редовниот образовен систем и да им се овозможи на наставниците да применуваат докажани и практични техники во наставата кои ќе му помогнат на секој ученик да се здобие со вештини за 21 век.

Сподели!
- Advertisement -