Имплант за мозокот им овозможува на парализираните луѓе мислите да ги претворат во текст. Тројца парализирани луѓе од вратот надолу успеаја да искористат немодифициран таблет за текстуална комуникација со пријателите, за истражување на Интернет и за слушање музика, а сето тоа благодарение на систем од електроди наречен BrainGate2.
Истражувањето во овој проект би можело да има големо влијание на оние кои патат од неуролошки болести, кои добиле сериозни повреди, како и оние кои останале без екстремитети. Системот BrainGate2 користи низа микорелектроди имплантирани во мозокот кои ги декодираат неуралните сигнали поврзани со намерата за придвижување на екстремитетите.
Тројцата луѓе коишто учествувале во истражувањето имале електроди имплантирани преку дел од својот моторен кортекс, односно делот од мозокот кој помага за контрола на движењето. Електродите ја детектирале неуралната активност и ја идентификувале намерата луѓето да го придвижат курсорот на екранот. Тие податоци потоа се испраќале до виртуелен глушец кој безжично бил поврзан со таблет. Со користење само на мислите, односно намерата учесниците во тестирањето можеле да прават повеќе вообичаени дигитални активности како нарачување продукти преку Интернет и свирење на дигитален клавир.