Паметна четка за заби сигнализира кои заби не се доволно чисти и колку долго да ги четкаме!

- Advertisement -

Понекогаш изгледа како сите уреди денес да се паметни. Некои тој епитет го носат оправдано, а некои не баш. Но, ако некој паметен уред ни помага да бидеме здрави и насмеани, тогаш тој епитет секако е оправдан. Компанијата Oral-B ја претстави паметната четка за заби Oral-B GENIUS. За разлика од класичните четки за заби, оваа паметна четка е опремена со технологија за препознавање на положбата и сензори за движење, а во комбинација со паметен телефон и апликација се претвора во силно оружје за одржување на здравјето на забите.

Со помош на апликацијата Oral-B 4.1, со која се поврзува преку Bluetooth, во реално време дава повратна информација за начинот на четкање на забите во сите делови од усната празнина. Исто така, наведува колку долго треба да ги четкате забите и со колкав притисок. 

- Advertisement -

Просечното време на четкање на забите е 46 секунди наместо препорачаните две минути, а истражувањата покажуваат дека во текот на четкањето дури пет пати повеќе притискаме на четката отколку што би требало. Покрај тоа, главно не ги чистиме сите места.

Дури и кога не е поврзана со апликација , четката Oral-B во себе има мерач кој осигурува дека секој квадрант од устата се четка по 30 секунди, што на крај резултира со миење на забите од две минути и 22 секунди. Од Oral-B велат дека повеќе од 73% од испитаниците кои ја користеле интерактивната четка за заби Oral-B видливо го подобриле оралното здравје за само шест недели. Исто така, клиничките испитаници го намалиле кариесот за 73% во тешко достапните делови за четкање за само две недели.

Сподели!
- Advertisement -